Основи на ProZ.com


Служејќи ѝ на најголемата заедница на преведувачи, ProZ.com претставува сеопфатна мрежа на суштински услуги, извори и искуства што го подобруваат животот на членовите на оваа веб-локација. Ова е список и резиме на најосновните карактеристики.


Дајте и добијте помош преведувајќи тешки термини

KudoZ мрежата овозможува рамка за преведувачите и другите да си помагаат едни со други преведувајќи или објаснувајќи термини и кратки изрази. До денес, поставени се 3,554,361 прашања за преведување. Сите овие прашања и предложените преводни еквиваленти резултираат со многу корисна архива за пребарување.


Ангажирајте лингвистички професионалци и сретнете нови клиенти

ProZ.com е извор број еден на нови клиенти за преведувачи. Огласите за преведувачки и толкувачки работи се објавуваат преку системот за огласи за работа, a заинтересираните страни може да поднесат понуда. Освен системот за објавување огласи за работа, исто така има и директориум за пребарување хонорарни преведувачи и толкувачи што може да се користи за лоцирање на лингвистичките професионалци


Присуствувајте на настани организирани од ProZ.com - конференции, обуки и преведувачки средби

Има конференции, обуки (мрежни и вонмрежни) и преведувачки средби (неформални средби на групи на корисници на ProZ.com коишто живеат во близина на местото на одржување на средбите) на ProZ.com што се случуваат низ целиот свет. Овие настани се одличен начин за да си ги усовршите вештините, да сретнете нови професионалци и да се забавувате!


Оставете повратна информација за нарачателите на услуги, читајте ги повратните информации од другите

Blue Board е база на податоци што може да се пребарува и се однесува на нарачатели на услуги што нудат лингвистичка работа и имаат добиено повратни информации од вршители на услуги. Корисниците на ProZ.com што соработувале со одреден нарачател на услуга може да внесат бројка од 1 до 5 што одговара на неговата или нејзината „веројатност за повторна соработка“ со конкретниот нарачател на услуги, како и кратко објаснување. Со над 15,000 евидентирани нарачатели на услуги, добра практика е да се провери Blue Board пред да се прифати работа од нов нарачател на услуга.


Расправајте за преведувачки прашања со други професионалци

Расправајте за прашања соодветни за работењето како преведувач или толкувач во форумите како на пример Локализација, Техничка помош за компјутерски алатки за преведување, Станете етаблирани, Титлување итн.



Се прашувате од каде да започнете?

Започнете со отворање бесплатна сметка ».
Веќе имате сметка на ProZ.com? Најавување »


Преглед на веб-локацијата

Брз поглед кон можностите достапни на ProZ.com




All of ProZ.com
  • All of ProZ.com
  • Пребарување израз
  • Работа
  • Форуми
  • Multiple search