Правила на страницата

Правила за користење на ProZ.com

Следните правила се воспоставени за да се прошири и заштити пријатната атмосфера на ProZ.com, ориентирана кон постигнување резултати. Со користење на оваа страница, означувате дека ги прифаќате овие правила и дека се согласувате да се придржувате кон нив.


Правило на страницата

1 Форумите на ProZ.com се предвидени само за дискусија во делокругот на ProZ.com.
Дозволени теми на дискусии се јазик и лингвистички услуги (преведување, толкување, локализација, титлување итн.), како и дискусии за деловни и технички прашања што ги засегаат лингвистите во нивната работа. Не се дозволени објави што не се врзани за јазик или превод, ниту пак за лингвистичка или преведувачка дејност. Објави со политичка, верска или други контраверзна содржина, или кои се потенцијално навредливи за други корисници ќе бидат отстранети и тоа без оглед на мислењата изразени во нив. [За повеќе информации види „Дефинирање на делокругот“ ]
2 Лицата кои објавуваат треба да пишуваат детални наслови на објавите и да ги објавуваат на најсоодветните форуми.
Бидејќи форумите на ProZ.com се многу активни, треба да се води сметка за корисноста на ресурсите. Кога е можно, насловот на една објава треба максимално да ја отсликува содржината на објавата, со што поентата на објавата е дадена во насловот. (Заради потребите од јасност и организираност на архивата, модераторите се овластени да ги уредуваат насловите на објавите и да ги префрлаат темите на дискусија од еден во друг форум. Модераторите не можат да ја менуваат содржината на објавите.)
3 Една иста објава не треба да се повторува.
Не треба да се испраќаат објави со иста тема повеќе пати и на различни форуми.
4 Одговорите не треба да се оддалечуваат од темата на дискусија.
Кога одговарате на тема на дискусија започната од страна на друг корисник, треба да се држите само до неа. Ако сакате да го смените предметот на дискусија, потребно е да отворите нова тема на дискусија.
5 Шпекулирање со мислењата на други лица исто така не е дозволено.
Давањето коментари на мислењата на други лица без овластување („Се чини дека Јана смета...“) не е дозволено.
6 Кога предметот на дискусија ќе се затвори, дискусијата не може да се обнови.
Дискусиите затворени или скриени од персоналот или модераторите на ProZ.com, не треба да се обновуваат. Објавите испратени на тие места не може да се уредуваат штом предметот на дискусија е затворен.
7 Треба да се употребува јазикот избран за работен јазик на форумот.
За секој форум има определено работен јазик и во објавите треба да се користи тој јазик, колку што е можно повеќе. Доколку не е поинаку прецизирано, работен јазик на форумите е англискиот.
8 Не смее да се дискутира за конкретен нарачател на услуги.
Објави и коментари за нарачателите на услуги (наведени по име, упатување, линк итн.), без разлика дали се позитивни или негативни, не се дозволени. (За искажување веројатност за повторна соработка со даден нарачател на услуги, корисниците на страниците треба се служат со Blue Board на ProZ.com.)
9 Почитувањето на авторските права е одговорност на лицето кое објавува.
Забрането е користење неовластени примероци на материјал (заштитени со авторски права, со заштитен знак или на друг начин). Во отсуство на дозвола од издавачите, може да се печатат само извадоци и линкови до статии. Во спротивно, мора да се добие дозвола од издавачите и тоа да биде јасно наведено во објавата.
10 Без никави правни толкувања
Правни толкувања и провокации што се однесуваат на начелата и особините на ProZ.com не треба да се пишуваат на форумите туку треба да се испратат во писмена форма до седиштето на ProZ.com.
11 Користете ги назначените места на веб страницата.
Форумите не треба да се користат за прашања за кои постојат посебно наменети места на веб страницата.
12 The Certified PRO network screening process should not be discussed in the forums.
To maintain the integrity of the screening process for the Certified PRO network, specifics of the process should not be discussed in the forums. Details related to one's personal experience in the screening process for the Certified PRO network, including reasons received for acceptance or denial of one's application, should not be discussed in the forums. Questions may be submitted via support request.
13 Announcing non-ProZ.com events via the forums is only permitted in the "Language Industry Events & Announcements" forum.
One announcement may be posted per event either in the Language Industry Events & Announcements forum or via the Translation news service. Additional announcements (e.g. "reminder", "final call") are not allowed. Events should not be announced anywhere else in the forums. An exception is allowed for non-English or country-specific forums; an event may be posted once, in one non-English or country-specific forum (not in addition to, but in lieu of a post in the Events and Announcements forum or Translation news).

Придржувањето до погоре наведените правила е услов за постојано право за пристап и користење на страницата.

Спроведување правила

Членовите на персоналот и модераторите може да ја преземат која било од следните активности за да ги спроведат горенаведените правила:
* да побараат од корисниците на страницата да посветат внимание на одредени правила
* да се воздржат од одобрување (или отстранување/криење) објави со кои се крши некое правило
* да овозможат одредена порака за правилата да се појавува кај одредени корисници, кога тие преземаат одредени активности
* да спречат пристап, привремено или постојано, до опциите на страницата користени при кршење на правилата.
* да отстранат профил или прекинат членство (само персоналот)

Прекинување

Во ретки случаи на сериозни повреди, членовите на персоналот на ProZ.com можат да отстранат профил (и да прекинат членство) без одложување. Сепак, во повеќето случаи, ProZ.com користи политика на „жолт картон/црвен картон“, слично на практиката на жолт картон/црвен картон во фудбалот.

Жолтите и црвените картони ги издаваат само членови на персоналот. Правилата се наведени со броеви, а датумот се наведува на картонот. Изразите „жолт картон" или „црвен картон" се користат експлицитно; доколку е испратена е-пошта, изразите се појавуваат во насловот.

Корисникот на страницата кој добил жолт картон може и понатаму да ја користи страницата (понекогаш со одредени забрани), но сепак е известен дека понатамошните повреди ќе доведат до прекинување. Лицето чиј профил е прекинат нема повторно да биде прифатено на ProZ.com.

Појаснување

За појаснување на правилата погоре или нивно спроведување, поднесете барање за поддршка.

Request help


Site Documentation


The member services and support team
Jared

Jared

Lucia

Lucia

Alejandro

Alejandro

Helen

Helen

Yana

Yana

Maria D

Maria D

Karen

Karen

Enrique Manzo

Enrique Manzo

Evelio

Evelio

Julieta

Julieta

Mariano

Mariano

Hayjor Roca

Hayjor Roca

Andrea

Andrea

Rocío Tempone

Rocío Tempone

Rocio Palacios

Rocio Palacios

Ezequiel

Ezequiel

Your current localization setting

македонски

Select a language

All of ProZ.com
  • All of ProZ.com
  • Пребарување израз
  • Работа
  • Форуми
  • Multiple search