Резиме на различните видови обуки, вебинари и образовни ресурси што им се достапни на преведувачите и толкувачите на ProZ.com
Обука по сопствен ритам: Онлајн обука која можете да ја следите според ваше темпо.
Индивидуална обука: Овие курсови може да се одвиваат преку Skype, е-пошта или други платформи што се резултат на заемен договор.
Видеа: Видеозаписи за различни теми поврзани со преведувачката индустрија.
Вебинари: Онлајн презентации спроведени во реално време во виртуелна училница.
Обука на линија: Слично на вебинарите, онлајн обуките се по правило подолги, поинтерактивни и нудат повеќе материјал што може да се симне.
Обука на физичко место: Обуки „очи в очи“ што траат 1 до 2 дена и се случуваат низ градовите од целиот свет.
Обука за користење на СДЛ Традос: Научете како да извлечете максимум од SDL Trados производите од сертифицирани SDL Trados обучувачи.
Wiki за преведувачката дејност: Им овозможува на корисниците на ProZ.com да се поврзат и да го споделат колективното знаење за теми од преведувачката индустрија. Овие теми може да се однесуваат на начини на започнување со работа во индустријата, даночни прашања во различни земји, компјутерски алатки за преведување, квалитет на преводот итн.
Статии: Интернет колекција на статии и соодветни информации за теми што би ги интересирале преведувачите, толкувачите и другите стручни лица што се занимаваат со јазик.
Книги: Книги од областа на преведувањето што се продаваат на ProZ.com.