https://mac.proz.com/translation-jobs/overview/

Преглед на ProZ.com » Листи & за огласи за работа »
Како функционира системот за објавени огласи за работа на ProZ.com

Едноставно објаснување за тоа како огласите за лингвистичка работа поминуваат низ системот за огласи за работа на ProZ.com.


1. Нарачател на услуга објавува оглас за работа за преведување или толкување

Објавувањето на огласот за работа ги опфаќа јазичните парови, детали за проектот, краен рок за поднесување понуди итн. Објавувачот на работата исто така има можност да наметне одредени ограничувања за работата како што се мајчин јазик, местоположба и слично.

Бесплатно е да се објави оглас за работа на ProZ.com

2. Заинтересираните лингвистички професионалци искажуваат интерес за работата

Оние коишто се заинтересирани за работата и ги исполнуваат ограничувањата за таа конкретна работа (ако ги има), може да поднесат понуда до објавувачот.

3. Нарачателот на услугата избира вршител на услуга и контактира со него директно

Откако ќе бидат добиени неколку понуди, нарачателот на услугата може да избере еден или повеќе вршители на услуги за таа работа и да контактира со нив директно. ProZ.com не наплаќа провизија.

4. Повратен коментар се остава, незадолжително, по завршувањето на работата

Откако работата е завршена, објавувачот на работата и вршителот на услугата може да остават повратни коментари еден за друг.*

*Вршителот на услугата мора да овозможи повратен коментар преку својот профил.



За подетални информации за системот за огласи за работа, проверете ги ЧПП.