Барања за хонорарни преведувачи





Трите делови објаснети


01 Способност за преведување

Постапката за проверка е развиена во согласност со насоките утврдени во стандардот за квалитет на превод ЕН 15038. За преведувачи се користат различни средства за да се потврдат „компетенциите“ наведени во стандардот ЕН 15038, вклучувајќи верификација на сертификати со коишто апликантите се стекнале од различни асоцијации ширум светот, како што се Американската асоцијација на преведувачи (САД) и Институтот за лингвисти (ВБ). (Во процесот на разгледување може да се земат во предвид примероци од превод, коментари од колеги/клиенти и други податоци, особено за јазични парови и области за коишто не се достапни проверени официјални сертификати).

02 Деловна сигурност

Второто барање за прием во програмата е деловна сигурност. Таа се оценува преку комбинација на коментари од колеги и клиенти како и преку разгледување на меродавни податоци од базата на податоци на ProZ.com. За компании може да се земе во предвид нивната евиденција за работа како даватели на услуги и како купувачи. Штом ќе бидат примени во програмата, учесниците мора и понатаму да имаат уредна евиденција за работата, со цел да останат во програмата.

03 Граѓанска свест

Третото барање за прием во програмата е „граѓанска свест“. Учесниците мора да ги прифатат и да се однесуваат во согласност со професионалните насоки на ProZ.com, мора да ги прифатат одредбите и условите за учество во програмата и мора да придонесат за одржување на програмата така што ќе се грижат да го задржат својот статус како членови во смисла на плаќање членство, податоци на профилот и придржување до правилата и прописите на страницата и на програмата.



Извадок од стандардот за квалитет во преведувачката индустрија ЕН 15083

3.2.2 Стручни компетенции за преведувачи

Преведувачите ќе ги поседуваат најмалку следниве компетенции.

  1. Компетенција за преведување
  2. Јазична и текстуална компетенција во изворен и во целен јазик
  3. Компетенција за истражување, собирање и обработка на информации
  4. Културна компетенција
  5. Техничка компетенција


Со погоренаведените компетенции ќе се стекнете преку едно или повеќе од следниве:

  • формално повисоко образование за преведување (признат степен);
  • соодветни квалификации во која било друга област плус минимум 2 (две) години документирано преведувачко искуство;
  • најмалку 5 (пет) години документирано професионално преведувачко искуство.
Your PRO status
Сè уште не е поднесена


Според броевите

Проверката за мрежата продолжува. Досега има:

4795

Сертифицирани професионални хонорарни преведувачи (PRO) на ProZ.com


Што велат луѓето

I like the participative setup, and appreciate having the opportunity to be involved in developing this initiative.
tazdog (X)
Шпанија

I like the positive attitude from all parties, I like the openness of staff and the flexible/quick adjustments.
Katalin Horváth McClure
Соединети Американски Држави

I believe it is a good way to present highly qualified people to prospective clients, and make them feel reassured that they are dealing with professionals who will have their best interest in mind.
Luisa Ramos, CT
Соединети Американски Држави