Правила на страницата

Правила за користење на ProZ.com

Следните правила се воспоставени за да се прошири и заштити пријатната атмосфера на ProZ.com, ориентирана кон постигнување резултати. Со користење на оваа страница, означувате дека ги прифаќате овие правила и дека се согласувате да се придржувате кон нив.


Правило на страницата

1 Blue Board на ProZ.com дава преглед на нарачателите на преведувачки, толкувачки и други лингвистички услуги како и за изразување на подготвеноста за повторна соработка со нив.
Користењето на Blue Board за други цели не е дозволено.
2 Пред да можат да се внесат записи на Blue Board, потребно е да се задоволат одредени услови.
Внесување записи за подготвеност за повторна соработка со даден нарачател на услуги е дозволено само кога (1) работата ќе биде целосно завршена и испорачана навреме, и (2) нема поплаки за квалитетот на услугата, кратко време по испораката. Не може да се внесуваат записи на основа на преговори, тест-преводи или други прелиминарни контакти.
3 Записот не може да се менува откако за него ќе се добие одговор.
Вршителот на услуги има право да внесе краток запис, а нарачателот на услуги да даде краток одговор на тој запис. (Записот може да се менува сè додека не се добие одговор на истиот.)
4 Откако ќе се испрати, одговорот не може да се менува.
5 Корисниците на страницата имаат право на еден запис годишно по нарачател на услуги.
Може да се додаваат дополнителни записи еднаш годишно, но под услов да имало дополнителна соработка од моментот кога е внесен последниот запис.
6 Внесување записи за себе не е дозволено.
Нарачателите на услуги, како и сопствениците и вработените во фирми-нарачатели на услуги наведени на Blue Board немаат право да внесуваат записи за „веројатноста за повторна соработка“ со себеси или со нивни компании.
7 Не е дозволено клеветење.
Blue Board не смее да се користи за клеветење физички и правни лица. Внесените записи, придружни коментари како и одговори на записи мора строго да се однесуваат на подготвеноста за повторна соработка.
8 Секакво настојување да се врши влијание врз други во врска со користењето на Blue Board е забрането.
Вршење притисок, со цел да се издејствува промена на даден запис или одговор на Blue Board, или пак да се внесе нов запис или „диктиран“ одговор е забрането. (Повикувањето вршители или нарачатели на услуги да внесат запис или да одговорат на даден запис е прифатливо доколку не постои никаков обид за влијание врз нивната содржина.)
9 Blue Board не смее да се користи за принуда.
Користењето, односно заканувањето за искористување на Blue Board, со цел да се изнуди нешто од даден нарачател или вршител на услуги, е строго забрането.
10 Записите на Blue Board ќе се чуваат барем шест месеци од каква било активност на нарачателот на услуги.
ProZ.com ќе го разгледа барањето на нарачателите на услуги за отстранување одредени контакт-информации од Blue Board, доколку тие наведат конкретни причини. Сепак, во најголемиот број случаи, тие барања нема да се разгледаат барем додека не истечат шест месеци од датумот на последната објавена активност на нарачателот на услуги.

Придржувањето до погоре наведените правила е услов за постојано право за пристап и користење на страницата.

Спроведување правила

Членовите на персоналот и модераторите може да ја преземат која било од следните активности за да ги спроведат горенаведените правила:
* да побараат од корисниците на страницата да посветат внимание на одредени правила
* да се воздржат од одобрување (или отстранување/криење) објави со кои се крши некое правило
* да овозможат одредена порака за правилата да се појавува кај одредени корисници, кога тие преземаат одредени активности
* да спречат пристап, привремено или постојано, до опциите на страницата користени при кршење на правилата.
* да отстранат профил или прекинат членство (само персоналот)

Прекинување

Во ретки случаи на сериозни повреди, членовите на персоналот на ProZ.com можат да отстранат профил (и да прекинат членство) без одложување. Сепак, во повеќето случаи, ProZ.com користи политика на „жолт картон/црвен картон“, слично на практиката на жолт картон/црвен картон во фудбалот.

Жолтите и црвените картони ги издаваат само членови на персоналот. Правилата се наведени со броеви, а датумот се наведува на картонот. Изразите „жолт картон" или „црвен картон" се користат експлицитно; доколку е испратена е-пошта, изразите се појавуваат во насловот.

Корисникот на страницата кој добил жолт картон може и понатаму да ја користи страницата (понекогаш со одредени забрани), но сепак е известен дека понатамошните повреди ќе доведат до прекинување. Лицето чиј профил е прекинат нема повторно да биде прифатено на ProZ.com.

Појаснување

За појаснување на правилата погоре или нивно спроведување, поднесете барање за поддршка.

Request help


Site Documentation


The member services and support team
Jared

Jared

Lucia

Lucia

Helen

Helen

Yana

Yana

Karen

Karen

Evelio

Evelio

Hayjor Roca

Hayjor Roca

Andrea

Andrea

Naiara Solano

Naiara Solano

Joseph Oyange

Joseph Oyange

Isabella Capuselli

Isabella Capuselli

Saint Machiste

Saint Machiste

Valentin Zaninelli

Valentin Zaninelli

Laura Rucci

Laura Rucci

Erika Melchor

Erika Melchor

Charlotte Gathoni

Charlotte Gathoni

Agostina Menghini

Agostina Menghini

Tanya Quintery

Tanya Quintery

Benedict Ouma

Benedict Ouma

Ana Moirano

Ana Moirano

All of ProZ.com
  • All of ProZ.com
  • Пребарување израз
  • Работа
  • Форуми
  • Multiple search