Служејќи ѝ на најголемата заедница на преведувачи, ProZ.com претставува сеопфатна мрежа на суштински услуги, извори и искуства што го подобруваат животот на членовите на оваа веб-локација. Ова е список и резиме на најосновните карактеристики.
KudoZ мрежата овозможува рамка за преведувачите и другите да си помагаат едни со други преведувајќи или објаснувајќи термини и кратки изрази. До денес, поставени се 3,904,628 прашања за преведување. Сите овие прашања и предложените преводни еквиваленти резултираат со многу корисна архива за пребарување.
ProZ.com е извор број еден на нови клиенти за преведувачи. Огласите за преведувачки и толкувачки работи се објавуваат преку системот за огласи за работа, a заинтересираните страни може да поднесат понуда. Освен системот за објавување огласи за работа, исто така има и листа за пребарување хонорарни преведувачи и толкувачи што може да се користи за лоцирање на лингвистичките професионалци.
Има конференции, обуки (онлајн и офлајн) и преведувачки средби (неформални средби на групи на корисници на ProZ.com коишто живеат во близина на местото на одржување на средбите) на ProZ.com што се случуваат низ целиот свет. Овие настани се одличен начин за усовршување на вештините, запознавање нови професионалци и забава!
Blue Board е база на податоци што може да се пребарува и се однесува на нарачатели на услуги што нудат лингвистичка работа и имаат добиено повратни коментари од вршители на услуги. Корисниците на ProZ.com што соработувале со одреден нарачател на услуга може да внесат бројка од 1 до 5 што одговара на неговата или нејзината „веројатност за повторна соработка“ со конкретниот нарачател на услуги, како и кратко објаснување. Со над 15,000 евидентирани нарачатели на услуги, добра практика е да се провери Blue Board пред да се прифати работа од нов нарачател на услуга.
Дискутирај за прашања околу професијата преведувач или толкувач во форумите како на пример Локализација, Техничка помош за компјутерски алатки за преведување, Станете етаблирани, Титлување итн.