Правила на страницата
Правила за користење на ProZ.com
Следните правила се воспоставени за да се прошири и заштити пријатната атмосфера на ProZ.com, ориентирана кон постигнување резултати. Со користење на оваа страница, означувате дека ги прифаќате овие правила и дека се согласувате да се придржувате кон нив.
Категорија
Правило на страницата
1 |
ProZ.com е работно место за јазични услуги.
Оваа страница е замислена како професионално помагало на оние кои се занимаваат со јазична дејност и на оние кои бараат јазични услуги. Објавите што не се однесуваат на превод, толкување и на други лингвистички аспекти или на дејноста што произлегува од нив, во принцип не се дозволени. [ За повеќе информации и можни исклучоци види „Дефинирање на делокругот“] |
2 |
Од корисниците се очекува заемно разбирање, професионалност и фер игра.
Од корисниците на страницата се очекува да бидат љубезни еден кон друг, било на форумите или при директен контакт и им се советува да имаат доверба еден кон друг. Нема да се толерира никаква форма на малтретирање, напад или одвратување на други од користење на страницата. Нема да се толерира ниеден акт, сторен било од поединец или од група, а со цел да се добие предност на нечесен начин во KudoZ, во директориумот или на некое друго место. |
3 |
Забрането е објавување рекламни огласи.
Платено рекламирање на ProZ.com е возможно на одредени места на страницата. Не се дозволени неовластени реклами испратени преку форумите, во профилот или на други места. Дискусии за страници кои нудат конкурентни услуги е исто така забрането поради злоупотреба во минатото. |
4 |
Не е дозволено користење навредливи зборови.
|
5 |
Не треба да се претерува со големите букви.
Доколку не е наведено експлицитно да се пишува со големи букви, пишувајте со мали. Пишувањето објави со големи букви е слично на викање. |
6 |
Забрането е лажно претставување и измама.
Може да го користите ProZ.com без да го обелодените вашето име. Но секое претставување како некој друг, користење лажен идентитет или било кој друг обид за измама од ваков вид нема да се толерира. |
7 |
Секое лице може да има еден профил.
Забрането е отворање нов профил со цел да се заобиколат ограничувањата или да се добие некаква корист. (Сепак може да имате еден профил за себе и друг за вашата регистрирана дејност.) |
8 |
Discussion of administrative actions taken by moderators or site staff should be carried out solely via the site's online support system.
Administrative actions include rules enforcement actions in the forums and KudoZ, warnings or restrictions on posting or other rights, editorial adjustments to topic subject lines, the locking of certain forum threads, selection of topics to be featured on the home page, etc. For further clarification, see this FAQ. |
Придржувањето до погоре наведените правила е услов за постојано право за пристап и користење на страницата.
Спроведување правилаЧленовите на персоналот и модераторите може да ја преземат која било од следните активности за да ги спроведат горенаведените правила:
* да побараат од корисниците на страницата да посветат внимание на одредени правила
* да се воздржат од одобрување (или отстранување/криење) објави со кои се крши некое правило
* да овозможат одредена порака за правилата да се појавува кај одредени корисници, кога тие преземаат одредени активности
* да спречат пристап, привремено или постојано, до опциите на страницата користени при кршење на правилата.
* да отстранат профил или прекинат членство (само персоналот)
Прекинување
Во ретки случаи на сериозни повреди, членовите на персоналот на ProZ.com можат да отстранат профил (и да прекинат членство) без одложување. Сепак, во повеќето случаи, ProZ.com користи политика на „жолт картон/црвен картон“, слично на практиката на жолт картон/црвен картон во фудбалот.
Жолтите и црвените картони ги издаваат само членови на персоналот. Правилата се наведени со броеви, а датумот се наведува на картонот. Изразите „жолт картон" или „црвен картон" се користат експлицитно; доколку е испратена е-пошта, изразите се појавуваат во насловот.
Корисникот на страницата кој добил жолт картон може и понатаму да ја користи страницата (понекогаш со одредени забрани), но сепак е известен дека понатамошните повреди ќе доведат до прекинување. Лицето чиј профил е прекинат нема повторно да биде прифатено на ProZ.com.
Појаснување
За појаснување на правилата погоре или нивно спроведување, поднесете барање за поддршка.