Правила на страницата
Правила за користење на ProZ.com
Следните правила се воспоставени за да се прошири и заштити пријатната атмосфера на ProZ.com, ориентирана кон постигнување резултати. Со користење на оваа страница, означувате дека ги прифаќате овие правила и дека се согласувате да се придржувате кон нив.
Категорија
Правило на страницата
| 1.1 |
KudoZ е наменет единствено за терминолошка помош.
Користењето на платформата за реклами, дискусија или други потреби кои не се врзани со терминолошка помош е забрането. |
| 1.2 |
Делокругот на KudoZ е ограничен на јазичната сфера.
Сите KudoZ објави треба да се поврзани со предметот на прашањето. Давање коментари од лична природа, било во KudoZ или на други места, е строго забрането. |
| 1.3 |
1.3. Текстуалните полиња треба да се користат само за целите за кои се наменети.
На пример:
|
| 1.4 |
Мора да се задржи формата на поимникот.
Од KudoZ прашањата и одговори автоматски се генерираат првични верзии на поимници Затоа изрази од типот ’види подолу’ не смеат да се внесуваат во полињата предвидени за терминолошки изрази, ниту во прашањето ниту во одговорот. Исто така не треба да се внесуваат прашалници, наводници, непотребни големи букви и сè друго што не може да се види во речник. |
| 1.5 |
Care should be taken not to disclose confidential information in KudoZ postings.
In most cases, client names should not be disclosed in a KudoZ posting. Consideration should also be given to whether the term or context would disclose confidential information by its nature. |
Придржувањето до погоре наведените правила е услов за постојано право за пристап и користење на страницата.
Спроведување правилаЧленовите на персоналот и модераторите може да ја преземат која било од следните активности за да ги спроведат горенаведените правила:
* да побараат од корисниците на страницата да посветат внимание на одредени правила
* да се воздржат од одобрување (или отстранување/криење) објави со кои се крши некое правило
* да овозможат одредена порака за правилата да се појавува кај одредени корисници, кога тие преземаат одредени активности
* да спречат пристап, привремено или постојано, до опциите на страницата користени при кршење на правилата.
* да отстранат профил или прекинат членство (само персоналот)
Прекинување
Во ретки случаи на сериозни повреди, членовите на персоналот на ProZ.com можат да отстранат профил (и да прекинат членство) без одложување. Сепак, во повеќето случаи, ProZ.com користи политика на „жолт картон/црвен картон“, слично на практиката на жолт картон/црвен картон во фудбалот.
Жолтите и црвените картони ги издаваат само членови на персоналот. Правилата се наведени со броеви, а датумот се наведува на картонот. Изразите „жолт картон" или „црвен картон" се користат експлицитно; доколку е испратена е-пошта, изразите се појавуваат во насловот.
Корисникот на страницата кој добил жолт картон може и понатаму да ја користи страницата (понекогаш со одредени забрани), но сепак е известен дека понатамошните повреди ќе доведат до прекинување. Лицето чиј профил е прекинат нема повторно да биде прифатено на ProZ.com.
Појаснување
За појаснување на правилата погоре или нивно спроведување, поднесете барање за поддршка.