ProZ.com translation contests » Rules

1. Преводите мора да бидат автентични. Прибегнувањето кон целосно или делумно користење и наведување на постоечки (на пр.објавени) преводи е забрането и подлежи на дисквалификација. Дозволено е да се работи со друго лице, под услов тоа да фигурира како партнер при поднесувањето на преводот.
2. Додека трае натпреварувањето, натпреварувачите не треба да дискутираат за сопствените поднесени преводи. За време на натпреварот и гласањето, натпреварувачите не треба да дискутираат по нивните преводи ниту по изборот што го извршиле во преведувањето. Натпреварувачот којшто ќе даде информации што ќе го направат неговиот превод препознатлив за некој негов колега, ќе биде дисквалификуван.
3. Не е дозволено никакво шпекулирање за поднесените преводи. Шпекулирањето околу името на преведувачот којшто стои зад одреден поднесен превод е спротивно на правилата.
4. Забрането е секакво јавно коментирање околку поднесените преводи за време на натпреварувањето. Јавни коментари за поднесените преводи (или за можните начини како да се преведи изворниот текст) за време на напреварувањето и гласањето, не се дозволени за ниеден корисник на ProZ.com. Коментарите оставени во форумите нема да бидат прегледани, и доколку се објават јавно, ќе бидат отстранети. Секакво непосредно поединечно дискутирање меѓу гласачите (на пр. преку електронска пошта итн.) е исто така забрането.
5. Поттикнувањето на гласачите да гласаат на определен начин се коси со правилата. Не е дозволено никакво поттикнување на гласачите да гласаат на одреден начин или за одреден превод. Секаков обид да се влијае врз резулататите преку покана на одредена група на корисници (на пр. корисниците од иста држава) е исто така забрането.
6. Не треба јавно да се изразува сомневањето за легитимноста на нечија победа. Доколку се сомневате во неправедност, за тоа треба да го информирате персоналот на веб страницата, преку испраќање на барање за поддршка.